(ФОТО+ВИДЕО) СОВЕТСКИОТ ТЕРМИНАТОР бил идол на Шварценегер: Ова е Јури Власов – најсилниот човек во историјата на светот

– Тогаш не знаевме за вештачко зголемување на мускулите, стероиди… Бевме глуви од звуците на теговите во теретаната. Станувавме се посилни. БАРАТЕ СИЛА. ЗАПОЗНАЈТЕ СИЛА!
174485_pjimage-7_ff
Во 1988 година Арнолд Шварценегер во Москва ja снимал “Црвената топлина”. Додека чекорел низ Москва во главата имал само една мисла – уште еднаш да го види својот идол на детството, човекот кој го инспирирал животот да го посвети на создавање совршено тело.

Додека се приближувал во просторијата во која го чекал Јури Власов, најсилниот човек кој го видел светот, на Арнолд му се треселе нозете. Тој за него бил лик од стриповите, суперхерој, јунак, инспирација.

Нивната прва средба била во далечната 1961 година, по натпреварот за кревање тегови на кој учествувал Власов и освоил прво место.

 

– Еден од австриските кревачи на тегови во соблекувалната ми донесе момче кое сака да ме запознае. Јас во тоа време бев во најдобра форма, а момчето ме гледаше воодушевено, без зборови, со ширум отворени очи – вели Власов.

– Бев исцрпен од натпреварувањето. Тоа траеше неколку часови. Но одделив време да поразговарам со момчето, да го охрабрам. Тој само што започнувал да тренира. Му реков дека најважно од се е да веруваш во себе – вели Јури.

По 27 години од оваа средба, се отвори вратата на Москва. Момчето порасна и стана легенда на бодибилдингот, најплатен актер на планетата, успешен трговец со недвижности, икона на светот – Арнолд Шварценегер.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.