Пред три години Хоуп беше напуштен од семејството, а го пронајде хуманистката од Данска, Ања Рингрен Ловен и му го спаси животот.
Момчето го доби името Хоуп што значи надеж.
Ања е волонтерка која живее во Африка, а момчето го пронашла како скита по улиците. Малото момче се 8 месеци се хранело од остатоци на храна која му ја фрлале луѓето.
Ања го нахранила момчето и го однела во болница. Два дена откако на интернет побарала помош, од целиот свет собрала донација во вредност од 1.8 милиони евра.