Пјонгјанг, престолнината на Северна Кореја, е модерен и чист град, чии плоштади ги красат спомениците на нивните оснивачи Ким Ил Сунг и Ким Јонг Ил, дедото и таткото на сегашниот лидер. Но, неделеку од главниот град се наоѓа реалноста, каде очајните селски работници извршуваат тешка работа и ја собираат жетвата со голи раце. Таа слика не е достапна за странците.
Видеото можете да го погледнете ТУКА.
Големите обработливи површини оставени се без основна индустриска машинерија, во земјата за која се тврди дека е меѓу најразвиените и која до вчера се закануваше со нуклеарно оружје. Војниците се занимаваат и со земјоделство.
Поради нуклеарните амбиции на Ким, Северна Кореја се наоѓа под строги санкции на меѓународната заедница. Зрно надеж за оваа изолирана земја даде самитот со претседателот на САД, Доналд Трамп, во јуни оваа година.
Daily Mirror’s “world exclusive” report from North Korea. It’s a good travelogue, but it’s really not that revealing. https://t.co/W9MFr1L0gy
— Alistair Coleman (@alistaircoleman) September 13, 2018
Грандиозната воена парада во Пјонгјанг по повод 70 годишницата од основањето на нацијата, на која учествуваа 300.000 војници, беше спектакуларна. Ким сакаше на светот да му ја прикаже Северна Кореја, како земја со “хармонија и среќа”.
Пјонгјанг е современ град со облакодери и метро, чист, дом на околу три милиони луѓе. Меѓутоа, на фармите надвор од престолнината околу 20 милиони луѓе едвај егзистираат.
Michael Palin in North Korea, Channel 5 — a mind-bending spectacle of mass compliance https://t.co/CMdqqZqB8I
— Financial Times (@FT) September 14, 2018
Само неколку илјади луѓе можат туристички да ја посетат Северна Кореја.
Комичарот Мајкл Пејлин (75) направи документарец од два дела во кој се зборува за животот во Северна Кореја “далеку од политиката”.