Сите знаеме кој бил Хитлер и дека според историските книги тој 1945 година извршил самоубиство заедно со Ева Браун. Меѓутоа постојат информации кои укажуваат на друга теорија според која Хитлер не умрел туку избегал и живеел во Јужна Америка. Дали е можно дека цело време не лажеле и дека историјата која ја учиме е измислена?
Официјални податоци говорат дека бруталниот диктатор, по поразот во април 1945 година, сам си пукал себе си во глава додека неговата жена испила апче цијанид во бункер во Берлин. Нивните тела била брзо запалени и закопани во плиток гроб.
Но што ако тоа било само да се одвлече вниманието и да се спаси Фирерот како не би паднал во рацете на Советите?
Тоа можеби звучи неверојатно, но историчарот Абел Басти ја објаснил оваа терија во најновата книга “Хитлер во прогонство”.
-Постоеше спогодба со САД, Хитлер да избега за да не падне во рацете на Советите, вели Басти.
Тој верува дека Хитлер избегал преку тунел кој под површината водел до аеродромот Темпелхоф, каде го чекал хеликоптер со кој отпатувал за Шпанија. Прво пристигнал до Канарските Острови, па продолжил во Аргентитна каде што живеел 10 години, за потоа да се смести во Парагвај каде бил под заштита на диктаторот Алфред Стреснер.
-Богатите семејства кои му помагале на Хитлер за цело време додека бил во прогонство биле задолжени да го организираат и неговиот погреб, вели Басти и додава дека Хитлер бил погребан во подземен бункер кој сега е елегантен хотел во градот Асунсион.
Влезот во бункерот 1973 година е запечатен, а околу 40 луѓе дошле да се простат од Хитлер. Еден од оние кои биле на погребот е и бразилскиот војник Фернандо Ногиера, кој на новинарите им раскажал се за церемонијата.
Еден оперативец на ЦИА и еден од елитните офицери на американската разузнавачкаа служба Боб Баер, нешто слично за ова зборува и во документарната серија правена за Хистори ченел, под назив Лов на Хитлер која е емитувана 2015 година.
Баер и неговиот тим тврдат дека ги откриле доказите дека Хитлер избегал со помош на 700 страници на објавени документи на ФБИ. Меѓу тие документи пронајден е и извештајот во кој се спомнува средба со лицето Гуидано, кој е пратен да се сретне со Хитлер и неговата продружба, вкупно 10 луѓе, штом ќе стигнат со подморница во Аргентина, две и пол недели по падот на Берлин.
Хитлер со две жени… доктор и други луѓе некаде околу 50 пристигнаа на брегот.
Некаде пред зајдисонци тие пристигнале на ранч на кој требало да се сокријат. Гуидано изјавил дека земал 15.000 долари затоа што им помогнал.
Според документите на ФБИ не постои доказ дека Хитлер умрел во Берлин.
-Американските војници не го пронашле телото на Хителр ниту пак постои некој доверлив очевидец кој тврди дека Хитлер умрел.
ДНК-анализа извршена на черепот на Хитлер: Не припаѓа на Хитлер ниту на Ева Браун
Најдобриот доказ се наоѓа во Русија. Кога Русија ја окупирала Германија, наводно Хитлеровото тело брзо било пренесено во Русија и за ова не се спомнувало со до 2009 година, кога археологот Николас Белатони доби дозвола да изврши ДНК-анализа на едно парче од коската од черепот кое било пронајдено. Но остатоците кои се анализирани не припаѓаат ниту на Хитлер ниту на Ева Браун.
Черепот кој Советите го прикажале како доказ за Хитлеровото самоубиство со пиштол всушност припаѓа на неидентификувана жена.
Куќата во која Хитлер ги поминал своите последни години од животот е една изолирана вила слична на озлогласената Бергхоф куќа која се наоѓа на едно езеро во Патагонија во Аргентина, во планински рај полн со нацистички бегалци.
Вилата која се вика Резиденција Иналко во моментов се продава, откако смени неколку сопственици меѓу кои и Енрике Гарсија Мероу, адвокат од Буенос Аирес кој е поврзан со неколку германски компании кои всушност го организирале бегството на Хитлер во Аргентина.
Архитектурата на оваа вила е речиси идентична на Хитлеровата куќа на Алпите. Вилата била сокриена во шума, а теренот бил крајно непристапен.