(Фото+Видео) Неверојатно: Откриено што се наоѓа во саркофазите пронајдени во Египет

Египетското министерство за антиквитети ги објави деталите за 30-те древни саркофази кои неодамна беа пронајдени во јужниот дел на градот Луксор.

Мустафа Вазири, генералниот секретар на Врховниот совет за антиквитети изјави пред новинарите дека саркофазите со натписи и слики се пронајдени во некрополот Асасиф на западниот брег од реката Нил.

Причината поради која саркофазите јавно се изложуваат пред јавноста е и стратегија на Министерството за култура, како би се подобрила ситуацијата со туризмот, кој се намали поради зачестените немири.

Тој наведе дека саркофазите биле наменети за мажи, жени и деца од 22 династија (945-715 г.п.н.е.), а некој свештеник ги сокрил поради страв да не бидат ykрадени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.