Еднаш во животот обиди се нешто. Работи напорно за нешто. Обиди се да промениш. Ништо лошо не може да се случи
За милијардерот Џек Ма слушна целиот свет. Тој е најбогатиот и најуспешниот кинески бизнисмен и основач на познатиот сајт Alibaba кој вреди скоро 200 милијарди евра. Неговите совети би требало да ги послушате.
– Еднаш во животот обиди се нешто. Работи напорно за нешто. Обиди се да промениш. Ништо лошо не може да се случи, вели Џек Ма.
Ова е неговата порака за успешен живот и кариера:
“Кога имате 20 години бидете добри студенти. Влезете во претприемништвото и стекнете малку искуство. Пред 30 години, следете некој. Одете во мала компанија. Обично во големите компании добро се учат процесите. Во големите компании сте само дел од големата машина.
Но кога одите во мала компанија, вие учите што значи страст за работа, ќе научите да сонувате. Ќе научите да правите многу работи со текот на времето. Пред 30 години не се работи за тоа во која компанија ќе одите, туку кој шеф ќе го следите. Тоа е многу важно. Добриот лидер ќе ве научи различно.
Од 30 до 40 години мора да мислите побистро кога работите за себе. Ако навистина сакате да бидете претприемачи.
Од 40 до 50 години мора да работите работи во кои сте навистина добри. Не обидувајте се да влегувате во нова област. Веќе е касно. Можеби ќе бидите успешни, но мали се шансите.
Но кога имате од 50 до 60 години, работете со млади луѓе, бидеќи младите можат да работат подобро од вас. Затоа потпрете се на нив и инвестирајте во нив, погрижете се да бидат добро.
Кога имате 60 години, потрошете повеќе време за вас, одете на плажа. Уживајте.
Ф.Г.