Првото бебе во Новата 2023 година во Прилеп е женско и е второ дете на 42-годишната мајка Емилија Златеска.
Бебето и неговата мајка денеска на пладне ги посети градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, кој им подари штедна книшка во вредност од 15.000денари и пригодни подароци.
-Утрово во 04 часот и 22 минути во Гинеколошко-Акушерското одделение при Општата болница со проширена дејност Прилеп се роди првото бебе во Општина Прилеп во новата 2023-та година.
Д-р Билјана Кржеска го изврши пораѓањето на мајката Емилија Златеска која на свет донесе женско бебе тешко 3.150 килограми, а долго 50 сантиметри. И новороденчето и мајката се во добра состојба. За семејството Златески ова е втора рожба, второ девојче кое ќе се вика Кристијана. – информираа од прилепската болница.