Чахат Кумар е осумесечно бебе и тешка е 17 килограми, што за нејзината возраст не е здраво и многу е опасно.
Лекарите во Индија се изненадени со нејзината тежина, а родителите велат дека нивното бебе не престанува да јаде.
Чахат е родена со нормална тежина, но од четвртиот месец започнала забрзано да ја зголемува тежината. Таа е сега тешка колку едно просечно четиригодишно дете.
За сега не се знае точната причина на пореметувањето кое го има ова девојче од Индија, но сите се молат лекот што побрзо да се пронајде.
Ф.Г.