Голем инцидент на натпреварот од Лигата на Европа меѓу Лион и Бешиктат се случи кога навивачите на турскиот тим, кои беа на второто ниво на стадионот, со бакљи скоро и ги угушија гледачите под нив.
Гледачите кои седеа под фановите на Бешикташ побегнаа на теренот и настана општ хаос.
Натпреварот беше одложен и започна со 45 минути закаснување. Домаќините сепак го добија натпреварот со пресврт во второто полувреме и обезбедија предност од 2:1 пред реваншот во Истамбул.
Навивачите на Бешикташ направија големи нереди и пред почетокот на натпреварот, кога се судрија со француската полиција на повеќе места во градот.
А.Г.