Жоао Микаело, син на португалски мигрант во Швајцарија, се присеќава кога во неговиот клас стигнал ученик од Азија. Наставниците го претставиле детето како Пак Ун, син на севернокорејски дипломат. Жоао седел сам, па новиот ученик седнал до него.
Брзо се спријателиле, најмногу поради тоа што и двајцата не сакале да учат. Ким се срамел кога наставниците ќе го повикале да одговара на табла пред целиот клас, не само затоа што не ги знаел одговорите, туку и поради лошото изразување на германски јазик. Тогаш Жоао му помогнал да го совлада германскиот, а Ким му се оддолжил помагајќи му по математика. Жоао вели дека неговиот другар од Северна Кореја бил тивок, но многу одлучен.
Секако, момчето од Северна Кореја не било Пак Ун, син на дипломат во Швајцарија, туку наследникот на севернокорејскиот лидер Кин Јонг Ил. Неговите школски другари дури по неколку години дознале дека ги делеле школските денови со новиот лидер.