Амбасадорот на Јапонија, Оцука Казуја денеска ја посети “Витаминка”. Во рамките на посетата, делегацијата имаше можност да се запознае со работата на компанија, деловните активности и производниот асортиман.
Директорите на продажните сектори за домашен пазар, Владимир Трпаноски и извоз, Љупчо Велески, ги запознаа амбасадорот и делегацијата со голем број проекти што ги реализира “Витаминка” во изминатиот период, фокусот на компанијата во делот на извозната политика и заложбите да биде пример за општествено одговорна компанија.