(ФОТО) ЈА ГЛЕДАЛ МАПАТА НА ШКОТСКА И СЕ ШОКИРАЛ ОД ОНА ШТО ГО ВИДЕЛ ВО МОРЕТО: Не можел да поверува што пронашол на сателитската снимка !

Користењето на апликацијата “Google Earth” понекогаш може да биде навистина чудно.

Роберт Мортон (55) од Донкастер, ја користел популарната опција на “Google”, за да го види главниот град на Шкотска, Единбург, но во негова близина, односно на брегот во морето, забележал авион.

Како што вели тој, тоа било навистина необично и чудно откритие.

“Додека го гледав Единбург на “Google Earth”, случајно забележав авион на брегот. Изгледаше како да се наоѓа под вода. Тоа беше навистина чудно и неверојатно откритие”, вели тој.

Меѓутоа, објаснувањето е прилично едноставно. Како што вели Мортон, никогаш не слушнал дека во близина се случила некоја авионска несреќа, а како главен виновник за оваа мистерија ја посочи токму популарната програма за пребарување.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.