И кога не е покрај контролните уреди, црната торба со тајна содржина му овозможува на претседателот на САД да нареди нуклеарен напад.
Истата ја носат воени лица и тежи 20 килограми. Лицата задолжени за торбата секогаш се во близина на американскиот претседател.
– Постојано сте на штрек. А постојано и ја отворав торбата за да се потсетам што содржи, како и на одлуките со кои се соочува претседателот, вели Роберт Патерсон, мајорот на воздухопловните сили на САД, кој ја носеше торбата во периодот кога Клинтон беше во Белата куќа.
Од она што е познато, во црната торба се наоѓа и прирачник од 75 страници со упатства за нуклеарен напад, книга со тајни локации за скривање на претседателот, папка со упатство од 10 страници за управување на соба за итно обраќање и картичка со шифри.
Торбата има прекар „нуклеарен фудбал“, што го доби според името на планот за нуклеарна војна, „дропкик“ (термин за шут во американскиот фудбал).