(Фото) Чудо во Дубровник: Рибар уловил 16 килограми тешка “риба ѓавол”

Поради страшниот изглед старите дубровчани оваа риба ја нарекувале “риба ѓавол”

“Ја уловив со мал мамец и мала јадица. Тешка е 16 и пол килограми. Ја уловив на околу 30 метри од брегот, во петокот. Успеав со помош на мојот пријател да ја довлечкам на брегот, да ја ставам на карпа и да ја фотографирам”, раскажува Лукша Царевиќ за неговиот капитален улов.

“Ја имавме на трпеза во петокот вечер и во саботата за ручек. Секако, ќе ми беше драго ако успеев да направам забава и да угостам роднини и пријатели, но кopoнавиpycoт не ми дозволи”, додава задоволниот рибар за “Слободна Далмација”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.