ФОТО: Цариниците во шок – погледнете што заплениле на граница

zmija-skorpija-zaplena- (1)

Цариници на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград оневозможиле во земјата да биде внесено уште едно шише егзотичен азиски напиток, кој се содржи од змија и шкорпија која туристите неретко ја носат како сувенир.

Овој пат шишето со напитокот го донел 31-годишен човек од Крушевац, кој во Белград допатувал од Камбоџа. Во неговиот куфер, помеѓу работите било пронајдено шише од традиционалниот азиски напиток во кој се ставени змија и шкорпија.

Проблемот е во тоа што змијата припаѓа на заштитен вид, па за пренесување преку граница е потреба посебна дозвола која патникот не ја поседувал, се навеувало во соопштението.

Инспекторите од Министерсвото за заштита на средината потврдиле дека ова е заштитен вид на животно и патникот останал без сувенирот.

Претходен таков случај е откриен на 11 јануари, каде исто така на аеродромот патничка од Загреб во својата чанта носела девет шишиња од традиционалниот еликсир.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.