ФОТО – Хулиганството во Прилеп продолжува, уништена општинската зграда!

image-efb47d8b011f8c684b6a72754d6386516e4d929032c40a3e7f678260a3f08e10-V

Протестите на СДСМ веќе пет дена се одвиваат и во Прилеп. По примерот на нивните наредбодавачи од Скопје, и прилепските социјалдемократи дивеат и го уништуваат она што не го создале во градот под Марковите Кули. Новата општинска зграда која е гордост на прилепчани е мета на напад во изминатите денови.

image-b6d55f02ef0ff923cfad8e9e852664a8feec68f561d6ae28883df59351c9f73b-V

Со боја и јајца хулиганите од  СДСМ уништуваат нешто што е ново, што е вредно и најважно од се, нешто што го краси градот како градба.

image-f59ee26afb9c80caf048da7379787c363d90b466a408d8a12b39a132ff3cde63-V

Ваквото дивеење предизвика бура на реакции кај јавноста во градот и беше осудено освен од граѓаните и од голем број на здруженија на граѓани и организации.

Притоа граѓаните коментираат дека се што е направено треба да се чува и почитува, а ваквиот вандализам  да го прават на старата општинска зграда.

Засрамени од постапките на своите сопартијци од СДСМ, се помалку граѓани се огласуваат на стратегијата на овие стотина членови.

image-3b2a0ed4914cc739ec7d40986e294f88e96f0bb05a8916b5d956f6bf8947b520-V

Ваквиот колор потфат треба да го насочат кон својата црно-бела безидејност, немањето на програма и на екипирањето со достоен кадар, кој очигледно недостасува во редовите на СДСМ во Прилеп, а тоа многу пати го потврдија и опозициски настроените портали во градот.

 

Александар Георгиоски




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.