(Фото) Франција на нозе: Се бара црвената панда- изгледа убаво, но може да биде опacна

Црвена панда избегала од зоолошката градина во местото Сан Мартен ла Плен недалеку од Лион, а француските власти започнаа потрага.

Вработените во зоолошката градина велат дека пандата избегала преку гранките кои биле искршени од неодамнешниот снег.

“Ноќта на 14-ти септември гранките беа искршени од многу снег во паркот. Една од нашите панди знаела како да го искористи тоа и избегала”, напишаа вработените на Фејсбук профилот.

Тие ги замолија локалните жители да ја побараат пандата, но ги предупредија да не се обидуваат да ја фатат, пренесува Би Би Си. “Иако е изгледа убаво, таа има канџи и големи заби”, се наведува во соопштението.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.