Украинските пожарникари соопштуваат дека оваа недела нивото на радијација во зоната на исклучување во Чернобил скокнало за 16 пати над нормалата, поради пожарите кои го пустошат ова подрачје.
Велат дека пожарите ослободуваат во атмосферата радиоактивни елементи кои претходно се наоѓале во земјата и во растенијата.
Украинското здружение на ветерани за атомска енергија и индустрија, кое е составено од пензионираните експерти, вклучувајќи и неколку директори на нуклеарни електрани, предупредија дека нуклеарниот сектор е во критична состојба и дека се заканува опасност од “уште еден Чернобил”.