(Фото) Упорноста се исплаќа: Паднал 157 пати на возачкиот испит

Британец потрошил 3.600 фунти, бидејќи паднал 157 пати на возачкиот испит.

Како што пишува “LadBible”, несреќниот 42-годишен возач успеал да положи на 158 обид. За да имате подобра слика за тоа колку лош возач бил тој, на второто место се наоѓа постара госпоѓа која успеала да положи на 117 обид.

Заедно со теоретските тестови, незината возачка дозвола вредела 2.700 фунти. На третото место се наоѓа 48-годишна жена која полагала 94 пати.

Најлошиот студент на теоретските испити во Британија паднал 42 пати.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.