(ФОТО) Тешка сообраќајка во прилепската населба “Варош” – Со “хонда” удрил во заден дел од автомобил

-На 11.10.2024 околу 16.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Орде Чопела“ во Прилеп, мотоцикл „хонда” со прилепски регистарски ознаки, управуван од З.Ѓ.(25) од с.Долнени, прилепско, удрил во заден дел на патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(40) од Скопје.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила Б.Д.(33) од с.Чепигово, сопатничка на мотоциклот, а возачот на мотоциклот З.Ѓ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп – информираат од МВР.4




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.