Во белградска “Штарк арена” синоќа се одржа првиот од петте концерти на балканската музичка ѕвезда Здравко Чолиќ, чии фанови до последно место ја исполнија најголемата сала на Балканот.
Концертот започна со половина час закаснување, а легендарниот пејач беше дочекан со громогласен аплауз од публиката.
Покрај големиот број на колеги и фанови на неговата музика, на концертот присуствуваше и неговата ќерка Уна, која не ја криеше насмевката на лицето поради успехот на нејзиниот татко. 18-годишната Уна уживаше во концертот, а големо внимание привлече и со нејзиниот изглед.