Денес дури и американските медиуми ја пренесоа веста за помошта од Србија за Италија. Четири авиони со медицинска опрема, вклучувајќи ракавици, маски и заштитни одела.
Меѓу останатото “US news”, но и порталите од Сан Диего, радио станицата од Индиана, пишуваат дека во наредните два дена ќе бидат испратени уште четири авиони со опрема, која српската Влада ќе ја донира за Италија.
“Ќе победиме заедно, биди храбра Италијо, Србија е со тебе”, напиша Вучиќ на италијански на една од кутиите со опрема пред да биде ставена во авион.
Италија минатата година беше вториот најголем трговски партнер на Србија после Германија, покажуваат податоците на бирото за статистика. Италијанските компании, вклучувајќи го и Фиат, вработуваат на 20.000 луѓе во Србија.