Овогодинешниот 14-ти по ред “Пиво Фест 2016” во Прилеп повторно го красеше перфектна организација. Локалната самоуправa на Општина Прилеп приреди уште едно неверојатно шоу и забава за сите генерации. Без никаков инцидент и несакани случувања се одвиваше фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, а шлагот на таа прекрасна и посветена работа беше спектакуларниот огномет, кој цели 10 мин го осветлуваше небото над градот.