Снежна бура и силни ветрови ја погодија денеска северна и западна Германија, поради што запрен е железничкиот сообраќај, а се случиле и 222 сообраќајни нecpeќи во кои повpeдени се 28 лица, соопшти германската полиција.
Германската метеорлошка служба апелираше до граѓаните да останат дома, а властите им помогнале на бездомниците така што ги згрижиле во топли засолништа, пренесува АП.
Управата на железничкиот превозник „Дојче Бан“ соопшти дека главните железнички рути меѓу Хамбург, Хановер и Берлин, како и оние на запад, се затворени, затоа што снегот ги натрупал шините.
Во градот Минстер еден од најтешко погодените градови, имало толку снег на улиците што амбулантните возила не можеле да поминат, а јавниот превоз бил запрен.
Во градот наврнале повеќе од 30 сантиметри снег, а во некои наслеби и снежните наноси оделе и до еден метар висина.
Метеорлошката служба најавила дека до крајот на денот ќе наврне уште снег.