Прилепчани ја продолжија традицијата на собири во своите маала околу коледарските огнови. Со вкусна посна трпеза, греана ракија, вино и многу музика и оро, синоќа се празнуваше Коледе, речиси секаде низ градот.
Сите маала имаа свои огнови, а прилепчани се дружеа околу нив. Коледарите имаа пријатни временски услови, па затоа ги имаше и во толку голем број околу огновите.
За најголема пофалба и оваа година се коледарите од улицата “Мирче Ацев” на Рид, за кои може да се каже дека беа најбројни покрај коледарскиот оган. Сложни како едно јато, и млади и постари…. го направија адетот, а нас ни испратија едно одлично кадро од нивната дружба.
Фото: Андреј Ристески

























