ФОТО: Сефер Цановски алкохолизиран со „Бентли“ учествувал во сообраќајна незгода со повредени пешаци

Синот на Фијат Цановски, Сефер Цановски на 2-ри јануари годинава управувајќи го својот автомобил „Бентли“ во алкохолизирана состојба учествувал во сообраќајна несреќа со повредени пешаци.

sefer2

Имено, според информациите за пријавена сообраќајна несреќа случена на 2-ри јануари во Струга на ул. „15-ти Корпус“, учествувале две возила, марка мерцедес управувано од Ж.П. и возило марка „Бентли“ управувано од Сефер Цановски. Во незгодата учествувале и двајца пешаци.

Цановски изгубил контрола над „Бентлито“, излетал надвор од коловозот и удрил во пешаците кои по тротоарот туркале велосипед. Во сообраќајната несреќа со телесни повреди се здобиле Цановски и пешаците Е.М. и С.З. кои биле пренесени во медицинскиот центар во Струга, по што Цановски и С.З. биле пуштени на домашно лекување,, а Е.М. била задржана за лекување.

sefer1

Извршено било и алкотестирање на учесниците во сообраќајката, при што кај Сефер Цановски биле утврдени 0,48 промили алкохол во крвта.

ФОТО: ohridsky.com

Извор: Курир

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.