Михајло Јевтиќ го играше ликот на Мишо Павловиќ во култната серија “Жикина династија”, во делот “Каков дедо, таков внук”.
Михајло за време на снимањето имал само 5 години, а публиката беше воодушевена од сцените со неговиот дедо Жика, кој го играше актерот Драгоми Бојаниќ Гидра.
Иако по “Жикина династија” се појави уште во неколку серии и претстави, Михајло денес не е повеќе актер.
Тој има 45 години и се занимава со музика, дизајн и изработка на веб апликации и веб страници.
Како што пренесуваат во српските медиуми, тој е многу успешен во неговата работа и заработува повеќе од некои актери.