Жителите на eден од краците на улицата “Јоска Јорданоски” спроти старата општинска зграда, конечно ќе дочекаат нов асфалт на нивната улица.
Улицата беше раскопана непосредно пред изборите во Прилеп, а претходните локални власти како да заборавија каде се’ имаат ископано и гребено асфалт.
Жителите на овој дел од улицата секојдневно се жалеа и бараа од новиот градоначалник нивниот проблем час поскоро да се среди.
Јовчески вети дека ќе се работи секогаш кога временските услови го дозволуваат тоа, а денеска и на снег механизација работи на оваа улица, се со цел граѓаните да не газат повеќе кал.