Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, ја посети новата детска градинка, сместена во објектот на поранешниот Дом за доенчиња и мали деца, која се очекува да започне со работа во септември оваа година.
Објектот е целосно реконструиран со средства обезбедени од Министерството за социјална политика, демографија и млади и Општина Битола. Во моментот, се врши негово опремување со соодветен мебел и опрема – креветчиња, плакари, масички, столчиња, кујнска опрема, ситен инвентар и постелнина.
Новата градинка ќе функционира како клон на ЈОУДГ „Мајски цвет“ и ќе згрижува 80 деца, распоредени во четири групи: една јаслена, една хетерогена група за деца од 2 до 4 години, една занимална за деца од 4 до 5 години и една за деца од 5 до 6 години.
Во текот на летниот период, објектот ќе биде дополнително опремен со дидактички материјали, како и детски реквизити за дворот.
Со отворањето на оваа градинка, Општина Битола и Министерството за социјална политика продолжуваат со заеднички инвестиции во проширување на капацитетите на предучилишните установи, со цел намалување на листите на чекање и овозможување услови за непречено извршување на работните обврски на родителите.