Најголем број девојчиња сонуваат за една совршена венчавка. Сепак има исклучоци, кога сонот се претвора во реалност повторувана дури 66 пати.
Таков е случајот на 32-годишната Лиза Гант од Англија, која до сега се омажила дури 66 пати!
Но, не избрзувајте, не станува збор за 66 различни мажи, туку 66 венчавки со еден ист маж.
Причината е неверојатна, имено оваа двојка со години патувала по светот со желба секој пат да се венчаат во различна земја, почитувајќи ги локалните обичаи.
Фотографиите од своите венчавки ги објавуваат на нивниот блог „2 People 1 Life”.
Целта им е, кога ќе ги посетат сите земји кои планирале да ги видат, да донесат конечна одлука за тоа во која од нив ќе ја одржат нивната официјална венчавка.
Тоа ќе биде земјата која оставила најсилен впечаток врз нив, нивната 67-ма венчавка ќе биде во Нов Зеланд.