Социјалдемократскиот сојуз по најавите на партискиот лидер Зоран Заев почна да ја форсира двојазичноста. Штабот на СДСМ во скопски Чаир доби двојазична табла.
Заев повеќе пати досега во неговите интервјуа истакнуваше дека ќе ја направи Република Македонија двојазична земја.
Дополнително лидерот на СДСМ во своите изјави потенцираше дека со воведувањето на двојазичноста ќе лови албански гласови.
-Сметам на албанските гласови за СДСМ, за коалицијата предводена од СДСМ. Без разлика дали ние ќе имаме коалиција со албанскипартии или не, јас сметам на албански гласови во овој процес на избори. И очекувам СДСМ да добие најмногу албански гласови, па потоа некоја друга политичка партија од албанскиот блок. Ги имаме сите причини на светот тоа така да се случи, дециден е Заев.
За потсетување Муса Љамалари, претставник на албанската дијаспора отворено во април призна дека остварувал средби со Заев, разговарале за федерализација и по таа средба помалите албански партии излегле на улица за да го поддржат Заев да нема избори. Тогаш, во изјавата Љамалари повторно нагласи дека тој се залага за федерализација на Македонија, нешто што како што вели, сите го знаат.