(Фото) СДСМ ги бележи вработените во администрација: Раководителите задолжени да бележат партиска припадност

Владејачката СДСМ од директорите на јавните претпријатија и раководителите во јавната администрација бара да подготват листа за тоа од која партија се вработените – брифираат за порталот Лидер извори од администрацијата.

Фотографија што до нас ја достави лице од непосредно опкружување на раководител од Струмица, покажува како владејачката партија бара сите вработени да се бележат преку разговор со секој поединечно.

–Задолжување: Раководител на институцијата да ја пополни табелата – (Прилог 1) и во електронска форма да ја достави на маил: [email protected] Објаснување: Табелата треба да ги содржи податоците за сите вработени кои се однесуваат на нивната партиска припадност (1-СДСМ/гласач, 0-Неопределен/не гласа, 2-ВМРО/гласач) Внимание – Податоците да не се пополнуваат по свое видување, туку со секој поединечно да се разговара со што ќе се добијат веродостојни податоци. Рок: 03.04.2019 (Среда) Најдоцна до 20 часот Со почит, ОИШ при СДСМ Струмица.

Извор: kurir.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.