Несекојдневен моторџиски потфат за поддршка на Македонија. Костадин Андреев и Антонио Цветковски, се по потекло од Скопје, а околу 20 години живеат во Детроит, САД и се олучиле на еден несекојдневен начин да дадат поддршка за татковината.
Двајцата Македонци со мотори Кавасаки версус 650, возеле од Детроит до Прудо беј на брегот на Арктичкиот Океан во Алјаска.
Тие своите впечатоци од патувањето ги споделија со порталот Нетпрес. Велат дека возеле околу десет дена и изминале 4.268 милји, или околу 6.869 километри.
Уште еден интересен факт што потврдува дека овие двајца Македонци се достојни за почит, е тоа што околу 14 часа од патувањето им било низ снежни предели, по многу студено време, а на дел од етапите ги зафатиле и врнежи од снег проследени со студен ветер.
По десет дена кога конечно го завршиле нивниот несекојдневен моторџиски потфат и кога стигнале на 9-ти јуни во Прудо беј температурата изнесувала неверојатни -18 степени. Навистина, секоја чест!