ФОТО: Самсунг на големо го создава својот нов смартфон Galaxy S8

Со откривањето на некои од карактеристиките на новиот Galaxy S8, Reuters потврди дека смартфонот ќе содржи нов AI (artificial intelligence) дигитален асистент!

100595776-11

Новиот Al дигитален асистент ќе биде базиран на Viv, асистент кој Samsung го купи минатиот месец. Основачите на Viv Labs се и оригиналните основачи на Siri на Apple. Reuters потврди дека звучниот асистент ќе бидат достапен и за други Samsung уреди.

Секако, Samsung веќе има асистент за своите смартфони, но неможе да се спореди со Siri, Google Assistant, или Cortana на Microsoft. Новиот асистент треба да биде покорисен.

Заедно со новиот асистент, Galaxy S8 ќе има нов модерен дизајн и поквалитетни камери. Смартфонот најверојатно ќе биде најавен во февруари или март, а ќе биде достапен на пазарот кратко потоа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.