Новинарот на украинскиот сервис Радио Слободна Европа, Јевхен Солоњин, се упатил во внатрешноста на радиоактивните рушевини на Чернобил. Ретка можност да се погледнат рушевините на нуклеарката.
“Овој дел, реакторот број 4 е контаминиран со радијација. Сега е покриен со олово, а нивото на радијација постојано се набљудува”, вели Солоњин.
Помина низ “златниот ходник” кој е главната врска меѓу реакторот и нуклеарката. Тоа била главната линија за комуникација за време на катастрофата.
“Овде е релативно сигурно. Ова е продолжение на “златниот ходник” кој води длабоко внатре. Дозволено ни е да бидеме тука. Експлозијата на реакторот во април 1986 година испуштила тони на радијација во воздух. Покрај ходникот се наоѓа контролната соба на реакторот број 4. Таму се вршеле тестирањата поради кои дошло до експлозија.