Еден од најсилните Руси и воопшто луѓе на светот, 30-годишниот Иван Савкин постигна нов светски рекорд во категоријата влечење воз со јаже.
Тој со ремен на себе успеа да помести воз тежок 288 тони за еден метар и 10 сантиметри, со што според организаторите е нов светски рекорд.
Настанот се случи во руското село Смолјаниново, каде присуствувале стотина луѓе. Оваа е втор обид на Савкин да го урне рекордот.
Тој изјави дека и покрај студеното време и подмрзнатите шини сепак успеал во предизвикот.