ФОТО – Ретка туристичка простотија во Охрид, го “уби” лебедот за да се слика !

lebed

Група туристи од соседството се во посета на Охрид, а оваа жена на фотографијата, која дошла да ужива во убавините на Охрид и езерото, влегла во студената вода и најбрутално ја извлекла кутрата птица од водата за да се фотографира со неа.

Пред таа гордо да ја објави фотографијата со лебедот на сите социјални мрежи, пред да собере стотици срценца и лајкови, ја објавуваме фотографијата на нашиот фоторепортер, пишува Вечер.

lebed2

Вакви туристи не ни требаат ниту за градот, ниту за економијата, ниту за живиот свет во езерото.

lebed1

ФОТО: Н. Батев




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.