Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски ја посети приватната болница „Плодност“, каде првото женско новороденче во 2024 година се роди во 00.10 часот и се вика Антониа. Тој ги посети мајките и нивните новороденчиња при што им подели и соодветни подароци.
„Чест и задоволство е да се биде во болницата „Плодност“, ја имаме Антониа, женско првородено бебе и уште едно, Матео, така што годинава, како што беше и во Клиничката болница, ќе биде плодна, женска. Посакувам успех, здравје, пред се на родителите и на корисниците на услугите на оваа институција, на персоналот успеси во иднина и во иднина да се среќаваме само за убави работи“, посочи градоначалникот Тони Коњановски при посетата на болницата „Плодност“.
„Првото бебе е женско, породено во 00.10 часот на мајка од Битола, а второто новороденче е машко, макјата е од Прилеп. Во тек се уште две спонтани породувања, кои што ќе се завршат за многу брзо време. Со оглед дека имаме и три новороденчиња од вчерашниот ден, вкупната бројка денес ни е 7 бебиња. Со оглед на тоа што денес се 4 новороденчиња, а минатата беа 833, очекувам четири цифрена бројка на новородени во оваа година“, рече директорот и сопственик на Болница „Плодност“, д-р Таше Трпчевски.