Со солзи во очите и болка во срцето, прилепчани се “поздравија” со новогодишната елка.
Со завршувањето на православната Нова година, Василица, локалната одлучи да си отстрани и новогодишните украси од центарот на градот.
Прилепчани од утре ќе шетаат по празниот плоштад. Прва беше отстранета новогодишната елка, симболот за празничниот дух во градот.
Со нова мрежа и повеќе светилки на неа, се надеваме дека ќе ја видиме и наредната година.