(Фото) Привезоци од 100.000 фунти, бицикл од злато, ледена вила и што ли уште не: Што добиваат за Божиќ децата на милијардерите

Родителите милијардери често за празниците имаат “големи проблеми”, а тоа е што да им поклонат на своите деца ако веќе ги поседуваат најквалитетните, најскапите и најубави играчки и гардероба.

Нив не им е проблем да издвојат дебели пари за да ги израдуваат своите најмили кога ќе дојде Нова година и Божиќ.

Во емисијата “Бебе милијардер за Божиќ”, едно двегодишно девојче од своите родители добила привезок вреден 100.000 фунти. Привезокот во себе содржи редок син дијамант, а како дел од поклонот добила и тематка забава во духот на зимата, нешто за што родителите одвоиле дополнителни 15.000 фунти.

Друго девојче добило прстен вреден 40.000 фунти, на кој е вградено розево злато, дијамант и ретки бисери во розева боја.

Прославата на Божиќ во домот на Валентина, 20 месечно дете, чинела приближно 200.000 фунти, а како што рекла нејзината мајка, не штеделе на пари за нивната миленичка да ужива како принцеза.

Тие својата семејна вила ја претвориле во леден замок, додека Дедо Мраз поклоните ги донел со хеликоптер.

Родителите на трите деца, Хуго (5 години) и близнаците Алберт и Руперт кои имаат по 4 години, одлучиле на своите момци да им приредат празнична забава за паметење. Всушност, газдата на фудбалскиот клуб Мајнсфилд и неговата сопруга, потрошиле речиси 60.000 фунти на преуредување на својата вила во огромна градина со божиќни елки и божиќни венци.

Масел Кнобил, консултант на куќа која се занимава со луксузни поклони, вели дека нивната компанија на родителите им помага да го изберат најдоброто за своите деца, па така во својата понуда имаат боенка која чини 24.000 фунти и бицикл BMX изработен од 24 каратно злато.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.