Од Американската вселенска агенција НАСА, на нивниот сајт објавија “Астрономска фотографија на денот”, која е култен потсетник на инцидентот кој се случи пред 14 години.
“Летечка чинија од вселената падна во пустината Јута, откако беше следена со радар и “прогонувана” од хеликоптери”, пишува во описот на фотографијата, иако НАСА не говори за вонземска посета. Срушената чинија е всушност повратна капсула од леталото “Џенезис”, но не било планирано на таков начин да се врати на Земјата.
Лансирана на 8 август 2001 година, мисијата “Џенезис” била амбициозен проект на НАСА.