Среќна нова година, скопски стритери. Така стои во објавата на Никола Писарев. Тој има изработено 10 шарени куќички за вдомување на кучињата кои живеат во скопските маала. Тие се неговиот новогодишен подарок за кучињата во Скопје.
Никола најавува дека во текот на денот, куќичките ќе бидат наместени на различни локации во Скопје.