На кого му пречи најпознатиот македонски револуционер Гоце Делчев? Избришан графит со ликот на Гоце Делчев во екот на заканите од страна на Бугарија за нова блокада на Македонија во ЕУ доколку не прифатиме откажување од Гоце Делчев и македонскиот јазик – објави “Инфомакс”
Дали бришењето на графитот во Скопје спроти Холандската амбасада е дел од планот на власта за откажување од македонската историја, идентитет и јазик. Да се потсетиме дека претходно имаше директива од Владата за бришење на сонцето од Кутлеш. Ќе се бруси ли сега Гоце од срцата на Македонците? – прашуваат од порталот.