ФОТО: Полициско куче почина од жал по смртта на својот сопственик

Полицискиот службеник Ласло Модри по кратко боледување ја изгубил битката со болеста, а на денот на неговиот погреб починало и неговото службено куче.

policiski-sluzbenik-kuce

Ана Томашевиќ, претседателката на регионалниот центар на Синдикатот на српската полиција во Нови Сад објавила текст каде ја опишува нераскинливата врска помеѓу човекот и животните.

Таа за Блиц изјавила дека Модри работел во полицијата повеќе од 20 години. Бил вработен во Полициската управа во Нови Сад. Со оглед на тоа дека имал огромна љубов кон животните, тој последните 10 години од неговиот живот работел и во Одделението за водичи на службени кучиња.

Таму бил задолжен за службен лабрадор со кој работел на пронаоѓање опојни дроги се до 2010-та година. Тогаш, кучето било пензионирано, а Ласло побарал и добил согласност да го вдоми својот колега.

Потоа му бил доделен белгиски овчар Малино со кого работел до средината на 2015-та кога дознал дека е тешко болен. За жал, тој ја изгубил битката со болеста и починал на 22 февруари, а два дена подоцна бил погребан.

На денот на погребот, неговите колеги ја превземале грижата за службеното куче, но утредента го пронашле мртво во службениот бокс. Претходните денови кучето не било нерасположено и не одбивало храна па никој не претпоставувал дека има некаков здравствен проблем. Официјалната обдукција покажала дека кучето починало од торзија на желудникот.

Но и покрај тоа, колегите на Ласло се убедени дека ова е премногу за да биде случајно. Тие веруваат дека кучето умрело од жал.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.