Фудбалерите на Барселона синоќа доживеаја неверојатна катастрофа откако во четвртфиналето во Лигата на шампионите беа поразени од Баерн со 8:2.
Веќе трета година по ред Барселона во Лигата на шампионите доживува дебакл, а по Рома и Ливерпул се чини дека најголемиот удар им го зададе Баерн Минхен. Каталонците синоќа примија дури осум гола и се чини дека покажаа дека ова е крајот на една генерација.
Барселона веќе некое време се потпира исклучиво на Лионел Меси, но јасно е дека за поголеми резултати и титули во ЛШ, тој не може се сам и потребна му е помош. На Барса и се потребни големи промени во играчкиот кадар, а ако по Рома и Ливерпул не им дојде памет, Баерн тоа вчера им го покажа на најлошиот можен начин.
Колку овој пораз тешко му падна на Меси, најдобро покажа фотографијата од соблекувалната. Аргентинецот разочарано седеше и јасно е дека немаше сили воопшто било што да им каже на своите соиграчи.