Новак Ѓоковиќ патува со приватен авион секогаш кога тоа е потребно. Најдобриот тенисер на светот сè уште нема свој приватен авион, но го изнајмува кога му е потребен за одредени патувања.
Новак изнајмил приватен авион и во текот на “Adria Tour”, во кој патуваа и неговите колеги Доминик Тим и Александар Зверев, а заедно со семејството летал и во Задар, каде се одржуваше вториот дел од турнирот кој подоцна беше прекинат поради ширењето на коронавирусот.
Како изгледа внатрешноста на приватниот авион со кој патува тенисерот, објавил неговиот колега од репрезентацијата, Душан Лајовиќ.
Лајовиќ на својот Инстаграм профил објавил неколку “сторија” на кои се гледаат Новак, Троицки и Лајовиќ во текот на едно од патувањата. На нив се гледаат и неколку интересни кадри како импровизираниот кревет за спиење на Виктор – погледнете ги фотографиите.