Гробница, саркофази и повеќе погребни предмети од времето на стар Египет неодамна беа пронајдени во Луксор, а денес беа претставени на јавноста во присуство на министерот за антиквитети.
Овие откритија, дело на египетско-француската археолошка екипа, се претставени пред познатиот храм на фараноката Хатшепсут, недалеку од некрополата Ал Асасасиф, западно од Луксор.
Really happy to have been present at the opening of an intact tomb by the ministry of antiquity. And opening of intact coffin by the @ifaocaire team at TT33. Thanks to our director letting us escape work to attend. pic.twitter.com/vjpW0rC0dy
— Kimberley Watt (@archaeo_Kim) November 24, 2018
Според наводите на министерството за антиквитети, гробницата потекнува од периодот на Средното кралство (11 и 12-та династија).