Само пред месец дена апелиравме за мини депнија на улицата “Јоска Јорданоски”. Денеска одново на истото место купишта ѓубре. Очигледно некој го избрал местото и не се откажува од намерата, а граѓаните во овој дел од улицата повторно побараа помош од нас, за наdлежните што побрзо да излезат и да го соберат сметот.
Маркукуле како сервис на граѓаните е тука да апелира до надлежните да ги обавуваат своите обврски кон граѓаните. За жал и во 21 век имаме несовесни поединци во нашиот град кои сопствениот отпад го оставаат каде ќе најдат, без притоа да водат грижа за животната средина, како и здравјето на своите соседи, роднини, деца….