ФОТО: Повторно вандализирана влезната врата од станот на Богдан Илиевски

Непознати сторители вчера и денеска ја вандализирале влезната врата од станот на Богдан Илиевски, еден од гласноговорниците на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, чии приврзаници и поддржувачи повеќе од два месеца протестираат против Тиранската платформа.

vandal

Фашизоидната реторика резултира и со директен атак по домовите на неистомислениците, бележани како што фашистите ги бележеле Евреите.

Богдан Илиевски и Борис Дамовски, исто така, еден од иницијаторите на „За заедничка Македонија“, досега беа цел на вербални напади по нивните и животите на членовите од нивните семејства на социјалните мрежи.

Меѓутоа, очигледно дека истрајноста на иницијативата на протестите кај некои предизвикуваат нервоза, гледајќи во тоа непремостлива пречка за реализација на своите планови насила да се освои власта и редефинира државата.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.