ФОТО: Паника во авионот на канцеларката Ангела Меркел – морал принудно да слета

Владиниот авион Airbus A340 со кој германската канцеларка Ангела Меркел патуваше кон Аргентина на самитот Г20, морал принудно да слета.

Кратко време по полетувањето од Берлин, авионот морал принудно да слета поради технички проблем, соопштил пилотот.

Тој им рекол на патниците дека ќе го замени авионот на аеродромот во Келн-Бон во северозападна Германија.

Во владиниот авион имало дефект на неколку електронски уреди, но според пилотот немало безбедносна опасност.

Авионот Konrad Adenauer, наречен по првиот германски повоен канцелар, што го користи владата за службени патувања, полета од Берлин, но се врати назад во Германија додека летал над Холандија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.